ОДДЕЛЕНИЈА
Лабораторијата е поделена во 5 посебни одделенија, каде што се вршат различни активности.
ПРИЕМНО ОДДЕЛЕНИЕ
Оддел за прием на примероци
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА СУРОВО МЛЕКО
Испитување на сурово млеко за млекопроизводителите и млечните индустрии
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МИКРОБИОЛОШКА АНАЛИЗА
Испитување на храна, животинска храна, брисеви од работни површини и трупови од заклани животни
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА
ХЕМИСКА АНАЛИЗА
Испитување на хемиски состав на храна
СЕНЗОРНА АНАЛИЗА
Оценување на сензорни својства на млеко и млечни производи
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
Се применува, одржува и подобрува системот за управување со квалитет и техничката компетентност, согласно MKS EN ISO/IEC 17025. Основните принципи на Политиката за квалитет се:
Секој донесен примерок да биде тестиран со највисокo ниво на квалитет
Во целост да се исполнат барањата на корисниците на услугите, со почитување на законската регулатива и стандардите и со постојана грижа за квалитетот на резултатите
Односот со корисниците, органите на управата и Институтот за акредитација на Република Македонија, да се одржува со почитување и заемна доверба
Нивото на квалитет и задоволувањето на потребите на корисниците постојано да се подобрува со развој и примена на нови методи и технологии во работата
Со својата професионална ангажираност, целиот персонал ангажиран во тестирањето, максимално да придонесува во исполнувањето на барањата за квалитет и техничката компетентност, дефинирани во политиката и документите за квалитет
Менаџментот да ја почитува и спроведува законската регулатива и да се ангажира да обезбеди финансиски предуслови за реализација на политиката за квалитет.
Локација
Север-југ 2, Битола, Р. Македонија
Контакт
+ 389 47 296 688
+ 389 71 288 829
E-пошта
animavetbitola@t.mk