АКТУЕЛНОСТИ

МАКЛАБ Обука: Примена на стандардот МКС ISO/IEC 17025:2018 од аспект на употреба на опрема, интерна контрола и метролошка следивост на опремата

ДВМ Билјана Гагачева, м-р микробиолог, на 03.04.2024 год., одржа предавање во склоп на Обуката: Примена на стандардот МКС ISO/IEC 17025:2018 од аспект на употреба на опрема, интерна контрола и метролошка следивост на опремата, со тема: Практични искуства при исполнување на барањата  на стандардот МКС ISO/IEC 17025:2018 во однос на опремата и нејзината метролошка следивост. 

Како одговорен аналитичар по микробиологија во Анима-Вет лабораторија, и долгогодишен технички и водечки оценувач во Институтот за акредитација на Република Македонија, ги изнесе нејзините искуства во врска со опремата и нејзината метролошка следивост. 

Благодарност до МАКЛАБ и ИАРСМ за поканата. 

Одржано предавање на тема ,,Сензорна анализа" во биотехничкиот факултет - УКЛО, Битола

Лидија Вељановска, м-р по Квалитет и безбедност на храна, одржа предавање во просториите на Биотехничкиот факултет во Битола, на тема ,,Сензорна анализа”. Како панел лидер на Сензорната лабораторија во Анима-Вет, ги искажа своите искуства и знаења на студентите од 4та година на додипломски студии на студиската програма Квалитет и безбедност на храна. 

Благодарност до проф. д-р Билјана Трајковска, за поканата и се надеваме на уште многу успешни соработки со Биотехничкиот факултет од Битола. 

Учество во обука за МКС ISO/IEC 17025:2018

Претставници од нашата лабораторија, на 09.10.2023 присуствуваа на обука од страна на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела – МАКЛАБ, на тема “Контрола на квалитет и обезбедување валидност на лабораториските резултати согласно МКС ISO/IEC 17025:2018.

Предавањата беа одржани од страна на проф.д-р Мирко Проданов и Владимир Јаневски, кои што се задржаа на темата за контрола на квалитет и валидност на резултатите во лабораторија. 

Учество во првата женска ноќна трка во битола-,,Биди своја''

Во духот на спортот и тимската работа, нашите Билјана Гагачева и Лина Димовска учествуваа во првата женска ноќна трка од 5 км – ,,Биди Своја”, која се одржа на 17.06.2023 во Битола. Честитки за успехот и уште многу вакви дружења!!

Учество во 3rd International conference of food technology and Nutrition - Универзитет во тетово

М-р Лина Димовска и М-р ДВМ Билјана Гагачева беа учесници во 3тата Интернационална конференција за Технологија на храна и нутриционизам, организирана од страна на Универзитетот во Тетово-Македонија. Лина Димовска го презентираше истражувањето со наслов “Микробиолошка безбедност на млечни производи набавени од продавници за млечни производи”

Извадок од интерно списание - bentley Hungary

20 години
„Aнима-Вет“

Оваа година, поинаку го прославивме успешното работење на нашата фирма. Сакаме да им се заблагодариме на сите наши соработници и поддржувачи, и им посакуваме на сите да останат здрави, за да можеме вистински да прославиме заедно. 

25 години Labena

Задоволство ни беше што бевме повикани на прославата по повод 25 години од постоењето на Лабена, во Љубљана, Словенија. Тројца претставници од нашата лабораторија беа присутни на целодневната прослава/отворање на нивната нова лабораторија за молекуларна дијагностика. Им посакуваме уште многу успеси во иднина.

Посети

Студентите од смерот Квалитет и безбедност на храна, при Биотехничкиот факултет – Битола, и средношколците од СОУ Јосип Броз Тито – Битола, во склоп на нивната настава, ја посетија нашата лабораторија каде што нашите раководители го претставија секој оддел посебно. 

Обука

ДВМ Билјана Гагачева – раководител на одделот за микробиологија на храна и дипл. инг. Димче Минчевски, беа дел од обуката Bentley Instruments International Seminar & Eurofins Steins visit, oд 07-10 Ноември 2016, која се одржа во Орхус, Данска. 

Обука

Маг. Лидија Вељановска – раководител на одделот за хемиска анализа на храна беше дел од обуката за микотоксини Analyst Workshop – Mycotoxins, oд страна на r-Biopharm која се одржа во Дармштадт, Германија од 09-11 Ноември, 2016 година. 

Локација

Ул. Север-југ 2, Битола, Р. Македонија

Контакт

+ 389 47 296 688
+ 389 71 288 829

Е-пошта

info@animavet.mk