ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МИКРОБИОЛОШКА АНАЛИЗА
Лабораторијата е акредитирана според стандардот МКС ЕN ISO 17025:2018, при што сите испитувања се вршат според акредитирани ISO методи.
Oдговорен аналитичар –
М-р. ДВМ Билјана Гагачева
Во моментот лабораторијата има акредитирано повеќе методи според ISO стандардите за тестирање на храна, животинска храна и брисеви од работни површини и трупови од заклани животни.
Таа редовно учествува во меѓулабораториски тестови и тестови на оспособеност (ПТ – тестови), организирани oд страна на европски референтни лаборатории.
Анима Вет е прва приватна независна лабораторија, која како таква го носи товарот за независно, непристрасно, одговорно и совесно работење според ,македонските и меѓународните стандарди.
Сите бизнис оператори со храна, имаат законска обврска да вршат анализа на сопственото производство, согласно правилникот од Службен весник на РМ, бр. 100, од 2013 год., а, производителите на храна за исхрана на животни, согласно правилникот од Службен весник на РМ, бр. 149, од 2012 год
АКРЕДИТИРАНИ МЕТОДИ:
- Детекција и броење на Enterobacteriaceae – ISO 21528 – 2:2017
- Детекција и броење на Listeria monocytogenes и Listeria spp. – 11290 – 1:2018 и 11290 – 2:2018
- Броење на коагулаза позитивни стафилококи (Staphylococcus aureus и други видови) – ISO 6888 – 2/A1:2008
- Броење на β – glucuronidase – позитивни E. coli – 16649 – 2:2008
- Броење на микроорганизми – ISO 4833 – 2:2013
- Детекција на Salmonella spp. – ISO 6579 – 1:2017
- Броење на условно присутна Bacillus cereus – ISO 7932:2010
- Броење на квасци и мувли – ISO 21527 – 1:2008 и 21527 – 2:2008
- Броење на Clostridium perfringens – ISO 15213-2:2008
- Броење на сулфиторедуцирачки бактерии кои растат под анаеробни услови – ISO 15213-1:2008
- Техники за земање на примероци од површини со користење на контактни плочи и брисеви – ISO 18593:2008
Локација
Ул. Север-југ 2, Битола, Р. Македонија
Контакт
+389 47 296 688
+389 71 288 829
E-пошта
animavetbitola@t.mk