ЛАБОРАТОРИЈА ЗА СУРОВО МЛЕКО
Лабораторијата за испитување на сурово млеко врши испитување на сурово млеко за млекопроизводителите и млечните индустрии.
Лабораторијата e акредитирана според стандардот МКС EN ISO/IEC 17025: 2018 и останатите стандарди за методите за испитување на сурово млеко на 12.09.2012 година, и со тоа ги исполни условите на Агенцијата за храна и ветеринарство и доби решение за одобрување „Лабораторија за испитување на квалитет на сурово млеко“ на 17.10.2012 год.
Во лабораторијата работат високообразовани стручни кадри кои се во постојан контакт со млекопроизводителите и млечните индустрии за консултации во поглед на подобрување на квалитетот на суровото млеко.
Сите производители на млеко, имаат законска обврска да го испитуваат истото, според правилникот од Службен весник на РМ, бр. 151, од 2011 год.
OПРЕМА
- Bentley Bactocount IBC, апарат за одредување на вкупен број на микроорганизми во млекото;
- Bentley Somacount CC 150 , апарат за броење на соматски клетки во млекото;
- Lactoscope C4+, апарат за хемиска анализа на млеко (масти, протеини, лактоза и суви материи) во млекото;
- Cryoscope, Advanced Instruments, апарат за одредување на точка на мрзнење на млекото (процент на додадена вода);
- Cryostar, Funke Gerber, апарат за одредување на точка на мрзнење на млекото (процент на додаден авода);
- DSM Delvo test SP-NT: тест за утврдување на присуство на инхибитори во млекото/антибиотици;
АКРЕДИТИРАНИ МЕТОДИ
- Определување на бактериолошки квалитет (број на милиони индивидуални бактерии) – ISO 21187:2011
- Броење на соматски клетки – ISO 13366-2:2010
- Тест за микробна инхибиција – ISO 13969:2010
- Одредување на содржината на масти, протеини и лактоза – ISO 9622:2013
- Определување на точка на мрзнење – ISO 5764:2010
- Органолептичка оцена – ISO 22935-2:2013
- Квантитативна анализа на Афлатоксин М1 – Ridascreen Aflatoxin M1
Локација
Ул. Север-југ 2, Битола, Р. Македонија
Контакт
+389 47 296 688
+389 71 288 829
E-пошта
animavetbitola@t.mk