ЗA НАС
историја
Компанијата „Анима вет“ започнува со работа на 1. април, 2000 година.
До 2012 година Ветеринарното Друштво, работеше на превентивни активности склучени во договор со државата, на ниво на општините Новаци и Могила и со договор во рамките на индивидуалните одгледувалишта кои се на територија на Општините Битола, Могила и Новаци. За таа цел, постоеа регистрирани Ветеринарни клиники во с.Бач, с. Могила, како и амбуланта за домашни миленици во Битола и ветеринарна амбуланта во с. Цапари.
Како Ветеринарно друштво, ги покриваше сите проблематики од ветеринарната област, вклучувајќи ги и советодавните услуги во рамките на одгледувањето на домашни животни, добра хигиенска пракса и добра производствена пракса на одгледувалиштата, подготовка на документација за план на штетници, во рамки на одгледувалиштата, како и пошироко во областите на производство на храна, обезбедува ДДД заштита и сл.
Во периодот од 2005 до 2010 година Ветеринарното Друштво „Анима Вет“, имаше плодна соработка и договор за превентивно и куративно лекување на животните во фармите на ЗК „Пелагонија“ во Битола, при што соработуваше и со стручниот кадар од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.
Од 2012 година, во рамките на Ветеринарното Друштво се отвора лабораторија за испитување на сурово млеко. Опремата која се користи за испитување на млекото е набавена од познатите светски брендови Bentley и Delta и претставува високо-софистицирана компјутеризирана опрема.
За остварување на целите, се соработува со Агенцијата за Храна и ветеринарство.
Како прва приватна лабораторија за испитување на сурово млеко, храна и испитување болести кај животните во Република Македонија, „Анима Вет“ го носи товарот на одговорно, самостојно, совесно, независно и непристрасно работење, според Македонските и меѓународните стандарди.
испитани примероци
професионалци
Млекара АД Битола
„Цермат“, Битола
„Лакталис“, Битола
Млекара „Здравје Радово“
Млекара „ИМВ“, Битола
Sutaş – „Балканска Млекара“, Скопје
Месна индустрија „Билјанови“, Струга
Млекара „Маврово“, с. Ижиште
Млекара „Лабрадор“, Охрид
Млекара „Бистра“, Кичево
МИ „Марби Влатко“, Новаци
Кондиторска индрустрија „Nick’s“, Битола
Кондиторска индустрија „Виа Пром“, Охрид
„Натурана Трејд“, Битола
АД УТТ „Македонија“, Битола
ДООЕЛ „Агро Центар“, Куманово
ДОО „Интерпродукт“
ДООЕЛ „Белимост“
ДООЕЛ „Ангела Алфа“
ДПУТ ДООЕЛ „Зугре“
ДООЕЛ „Анабелла 2015“, Охрид
ДОО „Варади“, Штип
Млекара „Ѓоргиеви“, Радовиш
Персонал
Во лабораторијата работат високо образовани стручни кадри кои се во постојан контакт со млекопроизводителите и млечните индустрии за консултации во поглед на подобрување на квалитетот на суровото млеко.
Владимир Димовски
ДВМ Спец.
Управител на ДООЕЛ “Анима-Вет”. Раководител на “Анима-Вет Лабораторија”. Оддел за испитување на болести кај животните – одговорен аналитичар
Билјана Гагачева
ДВМ М-р микробиолог
Заменик раководител на лабораторијата. Оддел за испитување на храна – одговорен аналитичар по микробиологија
Лидија Вељановска
М-р по квалитет и безбедност на храна
Одговорен за квалитет во “Анима-Вет Лабораторија”. Оддел за испитување на храна – одговорен аналитичар по хемија
Лина Димовска
М-р. инг. нутриционист
Аналитичар во “Анима-Вет Лабораторија”
Димче минчевски
Дипл. инг. по квалитет и безбедност на храна
Aналитичар во “Анима-Вет Лабораторија”
Ели Трајковска
Дипл. инг. за анимални производи
Аналитичар во “Анима-Вет Лабораторија”
Катерина Христова
Вет. техн.
Лаборант во “Анима-Вет Лабораторија”
Локација
Ул. Север-југ 2, Битола, Р. Македонија
Контакт
+ 389 47 296 688
+ 389 71 288 829
Е-пошта
animavetbitola@t.mk